Педесет компании заинтересирани за изградба на скопската пречистителна станица

131

Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град Скопје, информира Водовод и Канализација.

Истовремено, продолжен е рокот за поднесување на апликации до 1 спетмеври.

– Со цел да се излезе во пресрет на потенцијалните апликанти и заинтересеирани страни, рокот за поднесување на апликациите се продолжува, па наместо на 17 август истекува на 1 септември во 12 часот по локално време – соопштуваат од Водовод и Канализација.

Проектот е во вредност од 136.000.000 евра.

– Заинтересираните страни кои ќе испратат електронска апликација до 1.9.2020, најдоцна до 14.9.2020, 12 часот (по локално време) ќе треба да ја достават апликацијата и во печатена форма. Со цел зголемена транспарентност, апликантите ќе можат да го следат отворањето на апликациите преку преку видео конференциска врска – додаваат Водовод и Канализација преку соопштение.