Пазарџиите не се откажуваат

391
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Протестот на пазарџиите од Зелен пазар продолжува трет ден едноподруго, со што сообраќајот во Центарот на Скопје беше блокиран и утринава.

Незадоволните пазарџии бараат намалување на цените за паркинг на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар”, кои се зголемија за 20 денари од осми јануари, со неодамнешната одлука. 

ЈП „Паркинзи на Општина Центар” апелираше до нив да ги прифатат новите мерки за решавање на проблемот со паркирањето на паркиралиштето „Автомакедонија“ како единствено добро за сите засегнати страни, особено за жителите.