Општина Центар ги повика граѓаните да пријават штети од невремето на јавни површини

191

Општина Центар по денешното невреме, формира општинско координативно тело за увид на јавните површини погодени од невремето и констатација на штетите.

Од Општината информираат дека со цел нормализирање на состојбата на улиците и нормално движење на граѓаните, екипите се веќе на терен и работат на санирање на штетите.

Координативното тело за проценка на штети ги повикува граѓаните доколку увидат оштетување на јавна површина, да пријават на следните телефонски броеви: 075316120 Димитар Цековски, 076381335 Дамјан Момировски, 076313381 Кире Секуловски и 076313387 Нико Николоски.