Општина Кисела Вода ќе врши дезинфекција на јавните површини

34

Оваа седмица, општина Кисела Вода на својата територија ќе стартува со активности за спречување на ширењето на вирусот ковид-19.

Во петок, тим од обучени работници на Општината, во населбата и селото Драчево, ќе вршат дезинфекција на улиците и тротоарите, на урбаната опрема во парковите, на автобуските постојки, детските и спортските игралишта.

Во периодот што следува, во сите месни и урбани заедници, општина Кисела Вода ќе продолжи да спроведува акции за дезинфекција на јавните површини.

Работниците активностите ќе ги вршат со новите општински возила, со канистри за миење на улиците.