Општина Кисела вода им благодари на наставниците за квалитетното образование

51

Општина Кисела Вода им го честита Светскиот ден на наставниците, и им заблагодарува за сите досегашни залагања за изградба на воспитани и образовани личности. Личности кои ќе ја развиваат нашата држава, личности кои ќе даваат позитивни примери за тоа како треба да се однесува поединецот, личности кои ќе ги менуваат работите и ќе придонесуваат за доброто на светот.

– Бидејќи вие, наставниците, сте тие кои со башата работа на учениците им го покажувате правиот пат, секогаш кога ќе би биде потребна поддршка, Општина Кисела Вода ќе Ви биде на располагање. Општината Ви посакува успешна работа и верува дека ќе продолжите да бидете од голема корист за нашата држава – се вели во честитката на Општина Кисела вода.