Општина Аеродром бара граѓаните да предложуваат каде да се садат дрвја

119

Општина Аеродром објави прашалник за прибирање предлог-локации за садење нови дрвја на јавни зелени површини во текот на ноември.

– Се повикуваат граѓаните до 10.11.2019 година да даваат свои предлози за садење дрвја што се наоѓаат на јавното зеленило под ингеренции на општина Аеродром, односно локации покрај улици, јавни зелени површини и места каде што досега не биле насадени дрвја или биле исечени – се наведува во соопштението.

Граѓаните ќе можат да ги даваат своите предлози на следниов линк: https://bit.ly/2q4ew0n

Од оштината појаснуваат дека предлозите ќе бидат земени предвид доколку бидат исполнети условите на терен, односно земјиштето да е во сопственост на државата и садењето да не ја оштетува подземната инсталација.

Општина Аеродром наведува дека за есенското садење дрвја обезбедила околу 3.000 различни вида зимзелени и листопадни садници, а во изминатата година биле засадени над 2.000 високостеблести дрвја.