Општината Карпош санира детски игралишта

115

Општината Карпош започна санација на детските игралишта во населбите Карпош 3 и Карпош 4. Надлежните велат дека овие две населби имаат најголем број зони за рекреација на најмладите и локалната самоуправа во повеќе наврати ги санира лулашките, тобоганите, нишалките и другите реквизити.

Од Карпош информираат дека во меѓувреме се поставени целосно нови реквизити на детското игралиште во Карпош 4 на улицата Никола Парапунов. Нови игралишта се прават во Криви Дол и во Злокуќани, со намера и овие места да добијат простор каде што децата заедно со своите родители и блиски ќе го поминуваат слободното време. Надлежните апелираат до сите граѓани да не ја уништуваат урбаната опрема и да водат сметка за заштита на околниот простор и животната средина.