ООУ „Гоце Делчев“ во Центар ќе добие нова енергетски ефикасна фасада

271

Стартот на новата учебна година на први септември, учениците од општинското Основно училиште „Гоце Делчев“ ќе го дочекаат во реновирано училиште и ќе добијат поквалитетни услови за образование и престој.

Општина Центар соопшти дека ја почна реконструкцијата на фасадата со што училиштето ќе добие комплетно нова енергетски ефикасна фасада, што ќе придонесе за намалување на трошоците за електрична енергија.

Ова центарско општинско училиште е доградено на површина од 532 м2. Со ова учениците имаат шест нови училници и три помошни простории. Во рамки на работите е поставен лифт за деца со инвалидност и пречки во развојот.