Од понеделник акција за собирање кабест отпад во Аеродром

1282

На територијата на општина Аеродром од понеделник до среда ќе се реализира акција за собирање кабест отпад.

Од општината ги повикуваат граѓаните во текот на викендов да го остават кабeстиот отпад пред своите домови или до најблискиот контејнер.

Под кабeст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и за садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), но не и градежен шут.

Одложувањето кабeст отпад на јавна површина надвор од најавени акции за собирање, е казниво со закон.

Акцијата ја реализира општина Аеродром во соработка со Град Скопје, односно со јавното претпријатие „Комунална хигиена“.