Од недела привремен сообраќаен режим на булеварот „Илинден“

205

На булеварот „Илинден“, на потегот од крстосницата со булеварот „8 Септември“ во насока на движење кон улица „МАНАПО“ во близина на трговскиот центар „Сити мол“, в недела ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.

Привремениот сообраќаен режим се воведува поради извршување градежни работи за изведување гасоводна мрежа. На терен ќе работат екипи на Акционерското друштво ГА-МА-Скопје.

– Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација – соопшти Град Скопје.

Привремениот сообраќаен режим ќе важи до завршување на градежните работи за изведба на гасоводната мрежа на овој дел од булеварот „Илинден“.