Одложено асфалтирањето на дел од булеварот „Партизански одреди“

204

Град Скопје ги информира граѓаните дека поради временските услови се одложува предвиденото асфалтирање на дел од булеварот „Партизански одреди“, на дел од мостот „Обединети Нации“ до улицата „Московска“, во правец на движење од Ѓорче Петров кон Центар.

Предвиденото нанесување на финалниот асфалтен слој ќе се изврши веднаш штом се создадат соодветни временски услови за непречена работа. Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.