Одбележан денот на водата

187

Во основното општинско училиште „Партенија Зографски“ во општината Кисела Вода, по повод Светскиот ден на водата, се одржа работилница на темата „Нашата драгоценост – водата“.

Оваа работилница „Нашата драгоценост – водата“ се реализира во организација на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, додека проектот е на асоцијацијата за едукација, спорт, култура и здравје „Едико плус“. Презентацијата за заштита на водата пред учениците ја одржа м-р Антонио Момировски.

На работилницата учениците од петто одделение пишуваа раскази и стихотворби на темата „Нашата драгоценост – водата“ и најмладите ги презентираа своите креативни идеи преку творби и изработки од глина. Наедно, проектот, кој од почетокот на оваа работна недела се одвиваше во шест скопски општини, има цел да ја издигне свеста на најмладите за заштита и рационално користење на водата.