Обвинителката Рускоска се приклучи кон акцијата за чистење на градот

261

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, заедно со 30-ина вработени, дојдоа на збирно место кај гаражата „26 јули” за да се приклучат на акцијата за чистење на градот.

Пред да почне акцијата, таа со список во рака, проверуваше кој од колегите дошол. Обвинителката рече дека е опремена со ќеса и ракавици. Од таму се упатија кон Олимпискиот базен. На новинарско прашање, Рускоска рече дека ветингот е добра работа за прочистување во правосудството.

Акцијата ја организира Владата заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“. Целта е, како што најави министерот за администрација, Дамјан Манчевски, да се подигне свеста за чиста околина и заштитата на здрава животна средина.

На овој начин вработените го надоместуваат 2 јануари 2019, кој Владата го прогласи за неработен за сите државни институции.

Четириесет илјади административци денеска чистат ѓубре на повеќе локации во Скопје и во други градови низ државата.


Дескоска, Здравев и Џолев на примопредавање на златната метла

Министерката за правда, Рената Дескоска, пред почетокот на денешната акција за чистење на претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев му ја подари златната метла која на Министерството му ја подарија граѓански организации.

Дескоска рече дека метлата не е многу амортизирана. Потоа Здравев му ја подари на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев.