Нови решенија на Центар за отстранување урбана опрема

178

Изминатиов период општината Центар издаде повеќе решенија за отстранување диво и нелегално поставена урбана опрема. Секторот за инспекции на општината Центар во рамките на оваа акцијата, издаде нови четири решенија на правни лица за отстранување метални застаклени и незастаклени натстрешници и доградби на објекти. Со издавањето на овие решенија, правните лица сами, во законски предвидениот рок, мораат да ја отстранат диво поставената опрема.

Во спротивно, по истекувањето на рокот, општината ќе пристапи кон нивно отстранување.

Од општината Центар упатуваат апел до правните лица што поставуваат урбана опрема на јавна површина, да ја соберат потребната документација, да се придржуваат до правилата за поставување урбана опрема и да ги почитуваат одредбите пропишани во Законот за градење.