Нова сообраќајна сигнализација за поголема безбедност пред училиштата

634

Општина Аеродром од денеска почнува со поставување вертикална и сообраќајна сигнализација пред дел од основните училишта, со цел зголемување на безбедноста на учениците и останатите учесници во сообраќајот.

Првата фаза опфаќа обележување пешачки премини и поставување сообраќајни знаци на улицата пред основното училиште „Александар Македонски“ и клонот „Сонце“ на детската градинка „Буба Мара“ во Реонски центар, како и на улицата пред основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Мичурин.

Во наредниот период се планира поставување вертикална и хоризонтална сигнализација и пред основното училиште „Браќа Миладиновци“ во населбата Острово.

Општина Аеродром за овој проект од својот Буџет издвои околу милион денари.