Нова водоводна мрежа на Дижонска 1 во Чаир

102

Генералниот директор на јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“, Душко Весковски, и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, направија увид на работните активности на ул. Дижонска 1, во Општина Чаир.
Во текот на изминатиот период во Општина Чаир на оваа улица, „Водовод и канализација“ инвестираше во поставување нова водоводна мрежа.
Старата поцинкована цевка 5/4 се замени со нова ф100, дуктилна цевка, во должина од 212 метри. Во текот на изведувањето на работните активности, старите 34 водоводни приклучоци беа заменети со нови и приклучени на новата мрежа. Инвестицијата за оваа мрежа од страна на водоводното претпријатие беше два милиони и 800 илјади денари.
По завршувањето на работните активности од страна на претпријатието, општинските власти го започнаа асфалтирањето на улицата.
На овој начин, преку успешна и планска соработка на Општината со „Водовод и канализација“, жителите од овој дел од Општината добија нова водоводна мрежа, подобрено водоснабдување и обновена улица.