Невремето остави пустош низ Скопје, искршени дрвја, поплавени улици…

371

Невремето што го зафати скопското подрачје, со дожд, град и силен ветер го отежна движењето на сообраќајот. Од силниот ветер искршени се и откорнати повеќе дрвја.

Паѓаше град со големина на орев, а ветерот достигнуваше брзина над 80 километри на час.

Во Градот Скопје е свикан итен состанок на Градскиот штаб за заштита и спасување.

Нестабилното време се движи од запад кон исток и на север. Во поладневните часови ќе се преместуваат кон исток. Попладне процесите ќе бидат поинтензивни и локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.