Најновата „инсталација“ во дворот на уметниците

171

Уметниците вообичаено се чудни, имаат различни креативни нарави што повеќето луѓе не можат да ги разберат. Но најверојатно во овој случај не станува збор за креативен потенцијал туку за екологија. Од која причина има ѓубре во една установа што создава високоинтелектуална сила не е познато.

Се поставува прашањето кај кого лежи вината за насобраното ѓубре кај Факултетот за ликовни уметности.

Од таа причина, потребно е издигнување на јавната свест кај граѓаните во врска со несовесното фрлање на отпадот. Се апелира до сите граѓаните и до одговорните установи дека секое фрлање на отпадот надвор од предвидените садови претставува директно кршење на Законот за јавна чистота и со тоа придонесува за загадување на урбаната животна средина и за намалување на нивото на хигиената и чистотата во нашиот град. Отпадот треба да се фрла единствено во контејнерите и во кантите поставени на јавните површини.