Награди за најбрзите и највештите велосипедисти од основните училишта во Центар

144

Учениците од основните училишта во општина Центар денеска се натпреваруваа и ги покажаа своите вештини во возење велосипед. Најдобрите шестмина добија пригодни награди, а две училишта од општина Центар, ООУ „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“, добија велосипеди. Настанот беше дел од проектот „Цел Центар на Точак“.

Проектот за сообраќајно воспитување се изведуваше во секое училиште во општината за учениците од шесто до девето одделение, а целта беше да се зголеми активноста на децата како учесници во сообраќајот. Им беа посочени предностите од користењето велосипед, како и правилата за безбедно учество во сообраќајот. 

Честитајќи им на најдобрите и највештите, градоначалникот Саша Богдановиќ напомена дека Општината води грижа и секогаш ќе ги поддржува активностите и проектите за најмладите, за поздрав живот и нивна безбедност.