Министерството за култура го осуди вандализмот, бара да се заштити Аквадуктот

496

Министерството за култура енергично го осудува вандалскиот чин на оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што се оштетени 10 потпорни носечки столбови.

– Во соработка со Управата за заштита на културното наследство, Конзерваторскиот центар –Скопје општина Карпош, Министерството за внатрешни работи и Министерството за култура, по извршениот увид преземени се итни мерки за превентивна заштита и се обезбедени засилени патроли за безбедност на Аквадуктотот кој е заштитено културно наследство од прва категорија“, се вели во соопштението.