Мерачи ќе ја детектираат брзината на возење близу пет училишта

115

Дигитални мерачи на брзина ќе бидат поставени во близината на пет средни училишта во Скопје. Овие инструменти постојано ќе ја детектираат брзината со која поминуваат возачите во деловите на градот каде што има постојана фреквенција на ученици.
Мерачите ќе бидат поставени кај гимназијата „Јосип Броз Тито“ медицинското училиште „Панче Караѓозов“, ГУЦ „Здравко Цветковски, хемиското „Марија Кири Склодовска“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“.

Мерачите се донација од осигурителната компанија „Сава осигурување“ АД Скопје.
Со идејата за пoставување вакви дигитални мерачи за брзина целта е да се зголеми свесноста на возачите и со тоа да се овозможи поголема безбедност во сообраќајот.
Донацијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, му ја предаде генералниот директор на „Сава осигурување“ АД Скопје, Петер Скварча.