МВР постапува по дивоградбата кај „Мавровка“

559

Единицата за економски и компјутерски криминал постапува за нелегални градежни
активности во реонот на Трговскиот центар „Мавровка“ и презема соодветни мерки и активности за утврдување постоење на елементи на кривично дело кое што се гони по службена должност по член 244-а „Бесправно градење“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

За преземените мерки и активности до Основното јавно обвинителство во Скопје доставено е писмено известување согласно Законот за кривична постапка.

Единицата за економски и компјутерски криминал и понатаму презема мерки и активности во координација и по насоки на ОЈО Скопје, а по завршување на активностите и комплетирање на документацијата до Основното јавно обвинителство во Скопје ќе достави соодветен поднесок, за што дополнително ќе биде известена јавноста.