Масовна акција за чистење на дивите депонии во Скопје

109

Во Скопје наскоро ќе започне масовна акција за чистење на дивите депонии. Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ во соработка со градот Скопје на 24.4.2019, со почеток во 10 часот ќе започне масовна акција за чистење на дивите депонии. Во јавното соопштение на „Комунална хигиена“ се наведува дека акцијата ќе се одвива истовремено во сите скопски општини и дека во неа ќе учествуваат администрацијата на претпријатието и на општините, студентите од сите скопски универзитети, претставници од невладиниот сектор, како и средните и основните училишта. Целта на оваа акција е да се издигне јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии, кои директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето.

– Би сакале да ги поканиме сите граѓани на градот Скопје да ни се придружат во оваа иницијатива и со своето присуство да испратат јасна порака за важноста од совесното постапување со отпадот – велат од „Комунална хигиена“.