Марширање до Рамстор Мол заедно со Ивце Пивце

120

Денеска во 17 часот на плоштад Македонија ве чека Ивце Пивце со своите пријатели, жонглери, магионичари, пантомимичари и дечињата од Брејк а лег заедно да марширате преку улица Македонија до Рамстор Мол каде ќе ве чекаат многу изненадувања по повод започнувањето на новата училишна година.

-Конечно школооо. Повик до сите дечиња, првачиња, вторачиња и што и да сте. Дојдете во 17 часот на плоштад Македонија пред фонтаната заедно да маршираме до Рамстор Мол, каде за најуспешните во мојoт квиз ќе доделиме подароци – повика Ивце Пивце.

Забавата продолжува во 18 часот во Рамстор Мол каде што ќе ве чекаат голем број на изненадувања, а за првите 100 деца ќе доделиме и вредносни ваучери.

Се гледаме сите заедно за еден поубав почеток на новата учебна година!