Крстосницата на булеварот Србија со булеварот Борис Трајковски утре ќе биде блокирана

244

Поради најавен протест на група граѓани со блокирање крстосница на булеварот Србија со булеварот Борис Трајковски, утре од 7 часот сообраќајот ќе биде пренасочен по локален пат кон Горно Лисиче, булеварот 12. Македонска бригада, булеварот Трета македонска бригада и улицата Народни херои.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.