Кошница со цвеќе на улицата Цветан Димов

782

Кошница со цвеќе ја краси сега улицата Цветан Димов. Ова е трета ваква фигура што ја постави јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, по двете што ги красат кружниот тек во Автокоманда и онаа во Градскиот парк.
Кошницата во Чаир е поставена во средишната жардиниера, долга е 5 метри и широка 2 метри, а има висина од 1 метар. Во неа се засадени 400 парчиња сезонско цвеќе од видот Coleus и 1.000 парчиња од видот Celosia.