Конгресниот центар „Александар Македонски“ повторно ќе стане Универзална сала

1508

Советот на Град Скопје на следната седница ќе одлучува за враќање на името Универзална сала на Конгресниот центар „Александар Македонски“ – Скопје.

Името на Универзална сала беше сменето од претходната градска администрација, како дел од пакетот реконструкција на Универзалната сала, кој до сега не е реализиран.

Според скопскиот градоначалник Петре Шилегов, реконструкцијата на Универзална сала како симбол на солидарноста во изминатите години беше само предмет на манипулација од претходната власт.