Кисела Вода за децата во градинките обезбеди маски за заштита од аерозагадувањето

51

Општина Кисела Вода за дечињата кои ги посетуваат објектите на двете јавни детски градинки што се под нејзина надлежност, обезбеди 2.500 маски што ќе им помогнат за заштита на здравјето од аерозагадувањето. За таа цел, од општината информираат дека претседателот на Советот на Кисела Вода Дарио Шимиќ, денеска во ЈДГ „8-ми Март“, во објектот „Расадник“ на децата им подели маски за заштита од загадениот воздух.

Во ЈГД „Весели цветови“, во објектите „ Мимоза“ и „Синоличка“, заштитни маски на децата им подели секретарот на Општината Александар Алексовски.

Локалната самоуправа обезбеди и 500 маски за возрасни лица кои ќе бидат поделени при зголемено загадување на амбиенталниот воздух. Доделувањето на маските е дел од мерките кои општина Кисела Вода ги презема за заштита на здравјето на своите жители, се наведува во нивното соопштение.