Кисела Вода додели 53 нови ваучери за семејствата со бебиња

118

Општината Кисела Вода им додели 53 нови ваучери на семејствата што добиле принова и живеат на нејзината територија. Надлежните сметаат дека ваучерите во висина од 6.000 денари ќе им послужат на семејствата со бебиња да ги обезбедат најнеопходните работи за новиот член од семејството. Ваучерите за новите жители на Кисела Вода вчера ги подели секретарот на општината, Александар Алексовски.

– Барањата за добивање ваучер е потребно да се поднесат во рок од 90 дена од раѓањето на детето. Со нив треба да се достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка – информираат од општината Кисела Вода.