Картичката „скопска“ на ЈСП со нов дизајн

318

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје пушти во продажба електронски картички „скопска“ со нов дизајн на двата вида – персонализираните и неперсонализираните. Цената и функционалноста на новите „скопска“ остануваат исти како и на старите.

– Новите картички „скопска“ имаат и холограмска заштита, која овозможува поголем степен на безбедност од злоупотреба. Идејата и одлуката за новиот дизајн на „скопска“ се симболично поврзани со планираните новини што ЈСП-Скопје ќе ги реализира во текот на годинава, како набавка на нови автобуси и корекции во системот за наплата – информираат од ЈСП.

Од претпријатието велат дека планираат во текот на април да воведат и електронски билет за едно возење, а од јуни да се имплементира и напредна апликација за паметни уреди, со кои на граѓаните ќе им се овозможи максимална флексибилност при користењето и купувањето на нивните услуги. Додаваат дека паралелно ќе го надградат системот за електронска локација на возилата, кој ќе овозможи попрецизно и визуелно информирање на граѓаните за да можат полесно да го планираат патувањето.