Карпош доби нова рекреативна зона

524

Нова рекреативна зона е поставена во општината Карпош, на кејот на реката Вардар, во близината на алпинистичката карпа. Спортскиот терен е донација од компанијата „Бимилк“, а нивниот гест за општествена одговорност го поздравија граѓаните и градоначалникот на општината, Стефан Богоев.

Општинскиот татко истакна дека рекреативната зона ќе овозможи развивање на здравите навики кај граѓаните и локалната заедница. Богоев додаде дека на оваа локација, од алпинистичката карпа до бунарите на кејот на реката Вардар ќе биде изграден и нов парк, кој дополнително ќе го збогати просторот со ново зеленило и со разни содржини, и посочи дека овој дел на кејот на Вардар ќе биде исклучително атрактивна зона за спортска рекреација.
Новопоставените реквизити за вежбање први вчера ги испробаа голем број спортисти, кои беа присутни на настанот.
Од локалната самоуправа истакнуваат дека ќе продолжат со работа на омасовување на спортот и подобрување на спортската инфраструктура.