Казнети 271 возач за брзо возење викендот во Скопје

76

Пет лица биле тешко повредени, а 15 се здобиле со полесни повреди во десет од 24 сообраќајки евидентирани изминатиот викенд на територијата на Секторот за внатрешни работи Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во 14 сообраќајки е причинета материјална штета, санкционирани се 271 возач за движење со поголема бризна од дозволената, а 83 се исклучени од сообраќај за возење под дејство на алкохол.

Полицијата исклучила од сообраќај и 46 нерегистрирани возила, за непрописно паркирање се изречени санкции за 168 лица, а „пајакот“ подигнал 91 возило.

Изречени се санкции и за 13 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, 11 за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување, тројца за недавање првенство на минување на пешаци.