Исчистен покривот на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“

181

Државниот студентски центар утрово организираше акција во чии рамки беше исчистен отпадот од покривот на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, информираат од Државниот студентски дом „Скопје“.

Оттаму ги повикуваат студентите да не фрлаат отпад низ прозорците и да не ја загадуваат околината. Јавната хигиена во студентските дворови, велат, е резултат на заедничка грижа за животната средина. Тие потсетуваат дека во иднина ваквото однесување ќе биде санкционирано бидејќи го загрозува секојдневието на сите студенти.

– Во интерес на безбедноста на студентите во завршна фаза е поставувањето на камери во студентските домови. Овие уреди ќе придонесат за повисоко ниво на безбедност и хигиена во студентските домови, наведува ДСД „Скопје“.