Исчистена дива депонија во Бардовци

125

Исчистена е дивата депонија во Бардовци, долж течението на реката Лепенец. Подигнати се 550 кубни метри отпад, кои со години се таложеа на оваа локација и придонесуваа кон зголемување на аерозагадувањето. Тука се палеа и огнови на отворено, а се одлагаше и шут.

Акцијата ја спроведе Општина Карпош во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ Скопје. Дополнително, како што најавија од општината, ќе се постават бариери за да се спречи создавање на нова депонија, а се интензивираат и инспекциските служби на овој потег.

-Минатата недела, затворивме и депонија во Злокуќани кај фудбалското игралиште. Со тоа, изминатиов период затворивме повеќе критични точки кои со години претставувале опасност за животната средина: депонијата кај „Газела“, депониите кај С.Ц. „Борис Трајковски“ и горе посочените депонии. Исто така, започнавме со еден стратешки пристап кон расчистувањето на отпадот во Карпош. Оваа недела објавивме дека мапиравме 13 локации на кои има поголема количина отпад, a денешната локација е токму таква и е дел од мапираните локации. Во наредниот период продолжуваме со чистење и на останатите критични точки – рече градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

Комуналните служби на Карпош денеска чистат повеќе делови од Бардовци, а се мијат и улиците со цистерни од страна на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Исто така, се чисти и страничниот дел од патот кој води до „Свислион“.