Инспектори спречија пожар во реонот на Бардовци и Злокуќани

155
Фото: Игор Бансколиев

Инспекциските служби на Карпош, во вонредна контрола, забележале запалена мини-депонија на границата меѓу Бардовци и Ѓорче Петров и за да се спречи пожар од поголеми размери повикале противпожарна служба.

Надлежните повторно ги предупредуваат граѓаните за крајно одговорно однесување во вакви периоди на екстремно високи температури, а секое намерно палење и предизвикување пожар на депонии или отпади најавуваат дека ќе биде најстрого санкционирано.