Зоолошка добива авантуристички парк за деца

196

Скопската зоолошка градина добива авантуристички адреналински парк.

Авантура- паркот е донација од Агенцијата за млади и спорт, со цел рекреација, спортување и забава за деца од 5 до 12 години.

Од Зоолошката велат дека овој парк ќе биде налик познатите европски авантуристички паркови за најмладите и ќе се простира на површина од 2.000 квадратни метри, со безбедни реквизити за користење.

Наскоро почнуваат подготовките во ботаничката градина на Скопје ЗОО, а користењето на авантура-паркот ќе биде бесплатно за сите деца.