Зоолошката градина се збогува со Тобого

341
Фото: Горан Анастасовски

Од зоолошката градина во Скопје, информираа дека вчера ненадејно угинала жирафата Тобого. Тој заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на зоолошката. Тобого беше миленик на вработените и на посетителите.

Според информациите, била направена обдукција при што не биле констатирани физички повреди и во наредните денови се очекуваат целосните резултати.

Тобого е роден во Франкфурт, Германија, а жител на зоолошката градина во Скопје станува во ноември 2013 година.