За еден ден казнети 77 возачи и 11 мотоциклисти во Скопје

78

Сообраќајната полиција во Скопје вчера казнила 77 возачи кои возеле со брзина над дозволената, и 11 мотоциклисти кои возеле без кацига и без возачка дозвола.

– Санкционирани 77 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина , 10 надвор од населено место и 67 во населено место. На прекршителите поднесени се 76 мандатни платни налози и еден прекршочен платен налог. Откриени се и 61 останати прекршоци за кои се издадени 27 мандатни платни налози и 34 прекршочни платни налози – соопштија од МВР.

Исто така, казнети се осум мотоциклисти кои возеле без заштитен шлем и тројца без возачка дозвола. Откриени се и 46 останати прекршоци за кои се издадени 32 мандатни платни налози и 14 прекршочни платни налози.