Засадени јавори и брези долж булеварот 8.Септември

409

Екипи на Град Скопје денеска засадија 42 висококвалитетни листопадни садници од видот јавор во дрворедот на булеварот 8.Септември, како и 20 садници од видот бреза во средишната жардиниера на булеварот.

– Денеска завршува пролетната акција за зазеленување на Скопје. Оваа пролет го збогативме градот со нови 2.000 висококвалитетни листопадни садници. Садевме во сите градски општини со цел во рамките на проектот „Дрво за секое дете“ граѓаните да можат да си одберат локација за нивното дрво. Наесен, планираме засадување на 8.000 нови висококвалитетни садници, со што оваа година ќе ја заокружиме бројката од 10.000 нови дрвја во Скопје – рече денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов, на акцијата за садење на булеварот 8.Септември.

Тој додаде дека зазеленувањето останува на врвот на листата приоритети на Град Скопје, а оваа пролет беше искористена да се обнови загубеното зеленило.