Започнува проектот „Дрво за секое дете“

631

Меморандум за соработка за реализација на проектот „Дрво за секое дете“ потпишаа денеска градоначалникот Петре Шилегов и претставници на гинеколошките клиники од Скопје

– Како што ветив во предизборната кампања пред неколку месеци, ja почнуваме реализацијатa на проектот „Дрво за секое дете“. Заедно со ЈП Паркови и зеленило и гинеколошко – акушерските болници, преку овој проект, им овозможуваме на нашите сограѓани да засадат дрво во чест на раѓањето на нивното бебе, на некој од градските дрвореди, паркови или скверови. На дрвото ќе има плочка каде што ќе го пишува името на детето и датумот на раѓање. Низ годините, секој што засадил дрво ќе може да го следи растот на дрвото заедно со неговото дете – истакна Шилегов.

Дрвото на новороденчињата ќе биде посадено во сезонска акција на расположива локација по избор на родителите. По напуштање на гинеколошката клиника, родителите ќе треба да го пријават добиениот код на 071/395-395 каде што потоа ќе ги добијат дополнителните информации за овој проект.