Започна реконструкцијата на живеалиштата во Зоолошката градина во Скопје

73

Со реконструкција на живеалиштето на жирафите денеска започна проектот за реновирање и реконструкција во Зоолошка градина Скопје.

Работите почнаа од живеалиштето на жирафите, а ги изведува градежната фирма „АД Карпош“ која е и донатор на реновирањето.

– Ќе се реконструира живеалиште по живеалиште секаде каде што има потреба. Реновирањето на живеалиштата на животните е една од главните точки на проектот „Европска Зоолошка“ – изјави директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.