Запленети над 150 отпадни гуми близу Бардовци

202

Комуналните служби на Општина Карпош денеска запленија нова количина од 150 отпадни гуми, на потегот околу Бардовци, што во овој период од годината, главно се користат како огревно средство.

Имајќи ги предвид истражувањата и анализите за причините за аерозагадувањето, како што наведуваат од општината, голем број домаќинства се уште се греат на материјали што не се еколошки препорачливи, односно го загадуваат амбиенталниот воздух и животната средина.

Од Општина Карпош повторно апелираат до сите граѓани и домаќинства кои се греат на огревно дрво, гуми или сл., да го променат начинот на греење и да аплицираат за субвенции за пелети или инвертер – клими во Град Скопје.

Локалната самоуправа продолжува со интензивните инспекциски контроли на терен, со цел да се мапираат загадувачите, да се санкционираат и да се заштити околината, се наведува во соопштението.