Забрана за пиење вода од две јавни чешми во Нерези

852
Фото: Илустрација

Водата од чешмата во дворот на џамијата во Нерези и јавната чешма на кривината во село Долно Нерези не се безбедни за пиење и претставуваат опасност по здравјето на човекот.

– Ваквата состојба со водата од двете јавни чешми во Нерези е утврдена по инспекцискиот надзор од страна на Државниот инспектор за храна од подрачната единица Скопје при Агенцијата за храна и ветеринарство – соопшти општина Карпош.