Жичницата на Водно викендов нема да работи

119

Жичницата на Водно утре и задутре нема да работи, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие.

Причина за тоа, како што наведуваат од ЈСП, е одржувањето на ридски натпревар во автомобилизам на Водно.

По тој повод нема да сообраќаат ниту линиите 25, 25А и 25Б.