Досега 2.150 граѓани аплицирале за субвенции за набавка на инвертер клима-уреди

142
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери се поднесени 2.150 апликации, а остануваат средства за уште околу 3.000 барања.
Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима-уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат онлајн.

– Повикот ги опфаќа граѓаните што купиле инвертер од први јануари годинава до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата. На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер-уред, но не повеќе од 62 илјади денари во нето-износ – информираат од градот.