Донација од Зоолошка градина за Домот за деца без родители „11 Октомври“

114

Зоолошката градина Скопје денеска донираше три телевизори за Домот за деца без родители „11 Октомври“.

Директорката на Домот Соња Стамевска заедно со дел од штитениците ја посетија Зоолошката градина, каде директорот Ѓорѓи Галетановски им ги врачи телевизорите во форма на егзотични животни.

– На средбата беше договорена и понатамошна соработка меѓу Зоолошката градина и Домот за деца без родители „11 Октомври“, како и бесплатни едукативни тури и интерактивни работилници за сите дечиња од Домот- соопшти Зоолошката градина.