ДОМ со Петиција за зачувување на зеленилото на улицата „Даме Груев“ во Центар

64

Зелената партија ДОМ иницираше Петиција за зачувување на зеленилото на улицата „Даме Груев“ во центарот на Скопје под мотото: Сакаме „Даме Груев“ да биде зелена улица!

Повод за Петицијата е најавата за нејзино претворање во сообраќаен булевар на потегот од „Палома бјанка“ до „Макотекст“, при што би се отстраниле повеќе дрвја, би се намалила пешачката и велосипедската патека, а би се зголемил бројот на автомобили и сообраќајниот метеж.