Дечиња од градинката „Бубамара“ учеа за безбедноста во сообраќајот

37

„Сообраќајна култура во предучилишна установа“ е насловен проектот во кој беа вклучени дечињата од градинката „Бубамара“ на возраст од четири и пет години. Тие учеа за безбедноста во сообраќајот, а едукативен час имаа и на терен. Како што информираат од општината Аеродром, претставници од сообраќајната полиција ги запознале децата со правилата на сообраќајот, за уште од најмала возраст да ја подигнат нивната свест за поголема безбедност.

– Целта е децата од најмала возраст да се запознаат со некои од сообраќајните правила, како и да се намалат несаканите случки и последици во сообраќајот. Децата преку интерактивен разговор со сообраќајните полицајци научија како и каде на најбезбеден начин да ја преминат улицата и како да ги препознаваат сообраќајните знаци – велат од општината Аеродром.