Денеска прекини во електричната мрежа во општините Аеродром, Центар, Ѓорче Петров и Карпош

122

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека денес ќе пристапат кон технички зафати во дистрибутивната електромрежа и дел од населбите Аеродром, Центар, Ѓорче Петров и Карпош ќе останат без струја.

Во периодот од 8.30 до 12:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Илија Димовски Гоче бр. 11 б, 13 а и б, ул. Кресна (АВРОРА) непарните броеви од 9 а до 19 а (општина Аеродром).

Во периодот од 8.30 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Димитар Пандилов, објектите со број 1-10 (општина Центар). Во периодот од 9 до 10.30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Борис Сарафов раскрсница со ул. Зенполе (општина Ѓ. Петров). Во периодот од 10 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од ул. Варшавска, Виенска, Нобелова и Мексичка (општина Карпош).