Денеска без струја општините Центар, Бутел, Илинден и Студеничани

180

Дел од корисниците од општините Центар, Бутел, Илинден и Студеничани, поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа денеска ќе останат без електрична енергија. Поточно, од 7.50 до 11.30 без струја ќе бидат корисниците од Визбегово во општината Бутел. Од 8 до 10 часот фирмите „Рио кафе“, „Гама инвест“ и „Дени интернационал“ во општината Илинден, од 9 до 14 часот објектите во близината на Школка во Градскиот парк, тенискиот терен „Југ“ и Езерце во општината Центар. Без електрична енергија ќе остане и улицата 3 во селото Студеничани во периодот од 8.30 до 15 часот.